Прославениот ракометен тренер и некогашен стратег на ракометниот клуб Вардар сега селектор на Словенија Веселин Вујовиќ секогаш е актуелен низ медиумите.

Во интервју за босанските медиуми, популарниор Вујо изјави дека Вардар со освојувањето на европската шампионска титула го спаси македонскиот ракомет.

“Слушаме приказни за тоа како играчите не примиле плата три, шест, па и 21 месец. Но, колку и да не примиле плата, да се направи таа хемија во екипата, да играш знаејќи дека е крај, тоа е големо нешто, изненадувачки, но апсолутно заслужено. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Вардар да не ја освоеше титулата, кој знае како ќе беше. Се појавија нови спонзори, Владата реагираше, значи има позитивни вести. Вардар е македонски бренд и заслужува да држи тој примат.”, вели Вујовиќ.