Македонскиот ракометен шампион Вардар, го очекува дуел со Мешков Брест во Лигата на шампионите, среда од   20.45 часот, во СЦ „Јане Сандански“, со публика во ограничен број и пренос на ТВ Аренаспорт.

За Вардар ова е прв меч на домешен терен, а втор во Лигата на шампионите сезонава, по дуелот со Елверума на гости, сега го пречкуваат Мешков.

„Во животот сигурна е само смртта, се друго е релативно, ова е натпревар на кој треба да победиме, но треба, мора и реално победување на терен е нешто сосема друго. Имавме напорен ритам, заедно со следните средби со Мешков Брест и со Еурофарм ќе имаме пет средби за две седмици, тоа е пеколно темпо што не може да мине без последици. Треба да се надминеме себеси против Мешков, тоа е одличен тим кој напредува од година во година. Имаат извонредни играчи, но секогаш се се врти околу Скубе. Со нетрпение го очекувам мечот пред публика, Вардар без навивачи на трибините не е Вардар. Не знам во колкав број ќе дојдат в среда, но  ни значи нивната поддршка“ – изјави тренрот Веселин Вујовиќ.