Ракометарите на Вардар 1961 по дербито со Еурофарм Пелистер ги очекува нов сериозен предизвик, мечот со Алборг закажан за утре од 18:45 во Јане Сандански во Лигата на шампионите.

Предводникот на црвено-црните, Веселин Вујовиќ со голема почит гледа кон противникот иако се надева дека до победа ќе дојде Вардар.

„Во последните две недели одиграме шест натпревари, а во домашното првенство не можевме да ги вклучиме сите ракометари. Сега пред нас е Алборг, тим кој според мене го игра најубавиот ракомет во Европа. Сепак ние сме дома, ќе имаме подршка од трибините и со помош на навивачите ќе дадеме 100% за да играме квалитетно, заеднички можеме да победиме секого па и Алборг.“ – вели Вујовиќ.