Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш на само еден месец пред европското првенство седна на клупата на Словенците и за тој период успеа да ги консолидира редовите во оваа селекција, која се најде помеѓу четирите најдобри на континенталниот собир.

Словенија синоќа загуби од Норвешка, но и покрај тој пораз тие изборија пласман во полуфиналето каде ќе играат против актуелниот европски првак, селекцијата на Шпанија.

После поразот од Норвешка, Врањеш беше посебно еурофоричен.

„Ова беше најдобриот пораз во мојот живот. Ракометарите го заслужија полуфиналето. Се бореа на секој натпревар од прва до последна минута. Не можам да ги опишам со зборови моите чувства, но возбуден сум поради тоа што ќе имам можност да играме во Шведска, на мој домашен терен“ –изјави Врањеш.

Дуелот на Словенија и Шпанија се игра во петок во Стокхолм со почеток од 20:30 минут.