Денеска се одиграни четири средби од 13. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

Вардар го доживеа својот седми пораз во групната фаза, повторно убедлив, и сега ќе има тешка задача да го избегне шестото место во својата група, кое во осминафинале ќе го однесе на мегдан со третопласираната екипа во групата „А“, најверојатно Пик Сегед.

Брест Мешков направи големо изненадување со домашната победа против големиот Кил. Само што овој резултат не носи ништо, ни штета за Кил, кој е веќе директно во четврт-финалето, ни корист за Мешков Брест, кој нема шанси да оди во елиминациона фаза.

Сличен е и успехот на ППД Загреб, кој денеска го совлада Алборг и задржа само микроскопски шанси за пласман во плејоф-фазата. За да се случи тоа, Цеље треба да загуби од Барселона и од Фленсбург, што е реално, ама пак Загреб во последното коло треба да го победи ПСЖ во Париз, што не е реално, особено што на ПСЖ тие бодови му требаат за освојување на потребното второ место во групата, кое носи најлесен противник во осминафиналето.

Во последниот денешен натпревар, екипата на ПСЖ немаше мака со тимот на Елверум.

Резултати:

Порто – Вардар  30:22 (11:10)

ПСЖ – Елверум  31:25 (17:13)

ППД Загреб – Алборг  31:30 (16:15)

Мешков Брест – Кил  33:30 (16:13)