ППД Загреб каде од сезонава игра вардаровата легенда Иван Чупиќ, засега не ги оправдува очекувањата, барем кои ЕХФ ги имаше од нив.

Пред почетокот на сезоната ППД Загреб од страна на ЕХФ беше рангиран помеѓу топ 10 фаворити што можеби ќе се најдат на фајнл-фор завршницата.

Причината на за таквото рангирање е нивниот блесок на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Но, кога дојде Лигата на шампионите продолжи нивната црна серија. Имено, колку и да звучи чудно ППД Загреб во низа има 17 порази во елитното натпреварување. Без победа е веќе една година. Кризата беше продолжена со вчерашниот пораз од ПИК Сегед.

Ќе потсетиме хрватскиот тим е во група со Вардар и е последен на табелата, додека Вардар во две кола има три бода исто колку ПИК Сегед.