Легендарниот ракометар на ППД Загреб од следната сезона изненадувачки ќе го носи дресот на Металург, што ќе биде втор клуб во неговата кариера во која 18.години беше незаменлив во дресот на хрватскиот гигант.

Поранешниот клуб на Хорват, му се заблгодари за придонесот на капитенот со надеж дека повторно ќе се врати во Загреб.

„Хорват заминува. На почетокот на годината му понудивме едногодишен договор, а по пензинирањето и место во младинската школа во клубот. Отворено разговаравме за можно заминување во странство на две години и потоа да се врати. Но, оваа одлука нè изненади. Му благодариме за сè, бидејќи тој е вистинска легенда на клубот и му посакуваме среќа во неговиот нов клуб. Жал ни е што не го продолжи договорот со нас, но тој одлучи така и мора да го почитуваме тоа“– истакна директорот  Ведран Чупуковиќ за официјалниот сајт на Загреб.

Металург пред Хорват се засилија со уште тројца ракометари и тоа Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш.