Во 24. коло на германската Бундеслига, екипата на Штутгарт убедливо го порази Ерланген, со резултат 30:24 (16:12).

Освен на почетокот, Штутгарт водеше во текот на целата средба, најмногу со 7 голови разлика, а посебен учинок имаше нашиот репрезентативен пикер Жарко Пешевски, кој постигна 5 гола и беше втор стрелец во својот тим.

Ова е шеста победа на Штутгарт во актуелното првенство, во кое забележа и 13 порази и 5 нерешени резултати. Штутгарт засега се држи цврсто на 15. место.

Победа вечерва забележа и екипата на Магдебург во која настапува нашиот Филип Кузмановски. Тие на домашен терен го совладаа Лајпциг, со резултат 28:26 (15:9). Кузмановски во победата допринесе со еден гол. За Магдебург ова е 16-та победа која го позиционира тимот на 5. место.

Нов пораз забележа екипата на Балинген, која дома загуби од Кил со разочарувачки 20:32 (11:18). Нашиот репрезентативен лев бек во составот на Балинген, Филип Талески, средбата ја заврши со еден постигнат гол. Балинген го запиша својот 15. пораз, со кој се задржа на 16. место.