Веселин Вујовиќ го засилува својот стручен штаб во РК Вардар 1961. Црногорскиот стручњак Александар Рогановиќ ќе биде дел од тимот на Вујо.

Искусниот тренер ќе биде задолжен за работа со голманите на Врадар. Тој во минатото има работено во репрезентациите на Југославија, Србија и Црна Гора, а бил дел и од женската репрезентација на Црна Гора и младинскиот тим на Будуќност.

Има работено и во странство, односно во ОАЕ. Таму прв пат соработува со Вујовиќ во тимот на Ал Шабах. Потоа се пресели во редовите на Ал Џезеира, пред да се врати во татковината во Ловќен.

Пред Вардар соработник со Вујо бил и во Копер и Железничар. Моментално е ангажиран во младинската кадетска репрезентација на Црна Гора.