Зеленортските острови вчера загубија од Унгарија а сега се пред дисквалфикација, уште двајца ракометари беа позитивни на тестот за Ковид 19.

Проблем има и Унгарија која се соочи со селекцијата која имаше двајца нови позотивни на коронавирус, Мундијалот се претвора во првенство кое го гби реномето.

 Репрезентацијата на Зеленортските острови имаше само 11 играчи на располагање против Унгарија, според правилникот за одигрување на натпревари на Мундијалот во Египет, секоја екипа мора да има минимум 10 играчи меѓу кои еден мора да биде на голманската позиција, сега имаат  двајца нови позитивни, ИХФ со службен резултат и даде победа на Германија, средбата требаше да се игра утре.