Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа третиот пораз во четвриот натпревар во Европската лига на ЕФХ откако вчеравечер загубија на гостувањето кај Тримо Требње во Словенија со 28:24.

Предводникот на тимот од Битола, Жељко Бабиќ посочи дека е разочаран од играта, резултатот и признава дека нешто мора да се промени пред реваншот закажан за седум дена во „Боро Чурлевски“.

„Особено во првото полувреме промашивме многу шанси и тешко е да се игра во Европа ако шутираш така лошо. Чуствуваме притисок и нешто мора да сменам за натпреварот за седум дена. Честитки за противникот.“ – изјави Бабиќ.