По натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се одржа редовната прес-конференција.

Нашите навивачи беа фантастични. Би сакал да и се заблагодарам на публиката во Битола, но и на моите ракометари. Натпреварот беше драматичен и интензивен. Вечерва немавме среќа, не изгубивме, ама и не се пласиравме. Свесни сме за нашите грешки. Сега ќе мораме да продолжиме и да се подготвуваме за домашниот плеј-оф, каде ќе бидеме подобри. Овој град и овие луѓе се навистина фантастични и јас сум среќен што сум тука и тука работам“, изјави тренерот на Е.Пелистер, Жељко Бабиќ.

Слично размислува и ракометарот на Е.Пелистер Мирко Радовиќ.

Одигравме навистина добар натпревар и жал ми е што не успеавме да ја оствариме нашата цел, особено ради нашите навивачи. Нексе има искусен тим, кој знае да ги игра натпреварите каков што беше овој. Битола и нашите навивачи се неверојатни, тие заслужуваат вакви натпревари и големи победи“.

Тренерот на Нексе причината за победата ја виде во поголемото искуство на својот тим.

Одигравме натпревар против одлична екипа и мислам дека победивме затоа што имаме поискусен тим од нив. Еурофарм е нов проект, со нов тренер и за неколку месеци ќе бидат многу подобри. Што се однесува до натпреварот, решаваа нијанси, можеби нашата игра „7 на 6“, но кога ќе се собере сè мислам дека победи посреќната екипа. Би сакал да им се заблагодарам на овие навивачи, играњето тука денес беше навистина посебно“, изјави Хрвое Хорват.

Задоволство изрази и голманот на гостинскиот тим, Морено Цар.

„Одигравме одличен натпревар против силен тим. Чувствувам како да бевме малку посреќни од нив. Се боревме напорно и успеавме да се пласираме во четврт-финалето“.

Во четврт-финалето на СЕХА-лигата Нексе ќе одигра двомеч со екипата на Вардар.