Женската кадетска репрезентација ќе настапи на ЕХФ шампионатот во Италија, за кој селекторот Владимир Паноски, заедно со Симе Симовски веќе реши кои ракометарки ќе патуваат на првенството. На списокот се наоѓаат 17 ракометарки од кои дури 11 се од тимот на Вардар, а останатите шест доаѓаат од редовите на Металург, Пелистер, Куманово и Стружанка.

На првенството кое ќе започне на 3 август, нашите ракометарки се во Б групата во која за противнички ќе ги имаат врсничките од: Италија (4 август), Белорусија (5 август), Азербејџан (7 август) и Полска (8 август).

На списокот за Италија се следниве ракометарки: Ана Марија Коларовска, Мирјана Петковска, Сара Миновска, Ивана Џатевска, Андреа Седлоска, Симона Грујоска, Катерина Дамјаноска, Ангела Костовиќ. Јована Трајковска, Ангела Гроздановска, Стефанија Ѓоргиевска (сите од Вардар), Марија Петреска (Стружанка), Анастасија Белевска, Ангела Јанкуловска (Пелистер), Мила Ѓоргиевска, Михаела Стојановска (Металург), Марија Јовановска (Куманово).