Македонскиот суперлигаш, Радовиш успеа да го убеди Златко Везенковски да потпише едногодишен договор со нив и со тоа да стане трето засилување во летниот преоден рок.

Ресенчанецот играше за Охрид минатата сезона а во Радовиш доаѓа како големо засилување за екипата која посакува пласман во плеј-офот од Суперлигата во следната сезона.

Предходно со РК Радовиш потпишаа и Филип Николов и Пеце Ѓорѓиески а клубит ги продолжи договорите со Паунов, Билиќ, Илиев, Ѓорѓиев, Долдуров и со Оранџиев.