РК Металург шанста за пласман во групната фаза од ЕХФ Купот ќе ја бара против Горење Влење.

Новиот предводник на „металурзите“, Зоран Кастратовиќ верува дека противникот е по мерка на тимот од Автокоманда.

Горење Велење, слично на Металург, е млада екипа засилена со неколку поискусни ракометари, меѓу кои би го издвоил Давид Миклавчиќ. Ги гледав натпреварите на Горење против Металопластика и сметам дека Металург има добри шанси во овој дуел. Металург како екипа има поголемо меѓународно искуство, стекнато во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата во последните години и тоа е значителна предност.“ – изјави Кастратовиќ за клупскиот сајт.

Металург ќе има еден месец за подготовка за двомечот со Горење Велење.