Куманово вчера славеше со 27-23 против Славија Прага во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло, но денеска на „реваншот“ повторно одигран во Македонија, нашите ја  прокоцкаа предноста и загубија со седум голови разлика, односно мечот заврши 31-24.

Во првото полувреме кумановки имаа негатива од само еден гол, но Славија разликата ја направи во вториот дел. Нашиот тим потклекна во финишот, бидејќи не постигна гол во последните 10 минути. Тоа го искористи Славија за да дојде до триумф од седум голови разлика и да мине во второто квалификациско коло.

Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловски со по осум голови беа најефикасни во редовите на Куманово, додека Тереза Покорна со десет голови најмногу се истакна кај гостинките.