Женскиот ракометен тим на Куманово продолжува со комплетирањето на тимот за следната сезона, а новата ракометарка е кадетската репрезентативка Ангела Јанкуловска.

Ангела Јанкуловска им се приклучува на кумановки кои прават силен тим, а во новата сезона ќе бидат предводени и од селекторот на Македонија, Симе Симовски.

Ова значи дека Куманово се подготвува за атак кон титулата и ќе се обиде после освојувањето на Купот годинава да дојде и до трофејот во првенството.

Јанкуловска доаѓа во Куманово како замена за капитенот Викторија Пеовска.