Женскиот тим на Пелистер доживеа вистински дебакл од Зајечар во првиот натпревар од 3.коло во Челинџ Купот. Битолчанки загубија со неверојатни 30 голови разлика, односно 50-20.

 Уште на полувремето се беше јасно, бидејќи Пелистер губеше со 26-7, а во вториот дел разликата само се зголемуваше, а битолчанки немаа одговор речиси на ниту еден напад на домаќинките.

Талевска со шест голови беше најефикасна кај Пелистер, додека Милосавјевиќ постигна четири. Кај Србинките, Милошевиќ беше најефикасна со 12 голови, а двоцифрен ефект имаше и Богојевиќ со 10 гола. во нападот имаше и Богојевиќ со 10 погодоци.

Реванш дуелот се игра утре, а она што е интересно ќе се одигра повторно во Зајечар.