Екипата на ЖРК Вардар е финалист во Купот на Македонија.

Во второто полуфинале од завршниот турнир за жени во Купот на Македонија вардарки  трумфираа со 31:27 против составот на Чаир и со оваа победа обезбедија ново финале и реприза на последниот Куп.

Неизвесниот натпревар траеше само во воведните минути од средбата (4-4) по кои Вардар со серија од 11-3 стигна до висока предност на полувремето (15-7). Ракометарките на Чаир заигра далеку подобро во продолжението од мечот, во неколку наврати стигнаа и до негатива од четири поени, но „црвено-црните“ ги консолидираа своите редови и не дозволија чаирчанки да се надеваат на целосен пресврт.

Трпевска, Стојановска и Дамјановска постигнаа  по пет гола за Вардар, а Рахмани од редовите на Чаир беше најефикасна на теренот со осум реализации.

Во финалето од Купот на Македонија, Вардар ќе се сретне со Куманово, кој го доби полуфиналето против Металург со 27-23.