Новак Ѓоковиќ беше надигран од  Роџер Федерер во Лондон со 2-0 и ги заврши настапите на завршниот турнир во годината.

Поразот убедлив, Ѓоковиќ му честиташе на Федерер но тоа што го загрижува таборот на Србинот е повредата на лактот на десната рака.

Спред медиумите од Србија, повредата воопшто не е наивна, но Ѓоковиќ смирува, не станува збор за ништо сериозно.

„Почуствував болка, беше многу интензивна, се надевам нема да ме спречи да настапам за Србија против Јапонија во Мадрид, да беше ова сериозна повреда мислам дека немаше да бидам во состојба да го држам рекетот“ – изјави Ѓоковиќ.

И покрај смирувачите тонови од Ѓоковиќ, во медиумите во Србија владее страв дека станува збор за посериозна повреда поради која најдобриот тенисер  на сите времиња од оваа земја лесно го загуби мечот со Федерер.