Американските тенисери Сем Квери и Тенис Сандгрен, ја коментираа ситуацијата со  УС Опен и Новак Ѓоковиќ односно Рафаел Надал.

Според двајцата американски тенисери, УС Опен може да се одржи и без Ѓоковиќ и Надал, турнирот е поголем од Србинот и Шпанецот.

Ѓоковиќ и Надал најавија дека во ваква состојба со Ковид-19, одржување на УС Опен 2020 е вистинска „лудост“.

Сепак двајцата тенисери од САД, Квери и Сандгрен, сметаат дека овој Грен слем може да се одржи и без двајцата најдобри во светот.

„УС Опен е поголем од било кој тенисер, па и од големата тројка, ако некој не дојде на турнирот, тоа нема да биде голема штета послабите тенисери ќе имаат поголема шанса за трофеј“ – изјави Квери.