Надал две години во серија е најдобар во одземањето на сервисите на противниците, додека Ѓоковиќ во оваа категорија најдобар беше во 2015 година, иако важи за тенисерот со најдобар ритерн.

Она што е интересно што третиот тенисер од големата тројка, Роџер Федерер никогаш не бил најдобар во оваа категорија по крај на една сезона. Диего Шварцман во 2017 беше најуспешен со 34.76% освоени гејмови на сервис на противникот.

Интересно е што во 2016 година, Надал имал  40,75%  освоени гејмови, што е апсолутен рекорд.