Асоцијата на тениски професионалци, попозната како АТП усвои нов систем на бодување за продолжението на оваа сезон. Според новите правил секој тенисер кој ќе има послаб резултат на турнирите оваа година во однос на лади, ќе остане со бодовите од 2019 година.

Ова значи дека во трката за лидерската позиција на АТП листата, Рафаел Надал има мала предност во однос на Новак Ѓоковиќ затоа што Шпанецот има подобар крај на минатата сезона.

Ова претходно го најави „Марка“ а денеска беше потвредено од АТП. Оваа сезона треба да продолжи во Вашингтон на 14 август а потоа следуваат Синсинати, УС Опен, Кисцбил …