Првиот Гренд Слем турнир во годината, Австралија Опен ќе се игра во февруари, организаторите на турнирот  објавија дека годинава ќе нема линиски судии.

Работата на линиските судии ќе ја изврши системот „око соколово“, ова значи дека технологијата се става во функција пред „човечкиот фактор.

Оваа одлука посебно ќе му се допадне на Новак Ѓоковиќ по инцидентот на УС Опен кога несмасно и ненамерно погоди еден од линиските судии, Србинот потоа беше дисквалификуван.

Инаку линиските судии ќе бидат користени за квалификациите за АО, тие ќе се одржат во Доха и Дубаи.