Првиот тениски Грен слем во новата 2021 година ќе се игра од 8 до 21 февруари, со одложување од две недели.

Ова го најавуваат медиумите од од Австралија со прецизирање дека сите учесници ќе мора да допатуваат во Мелбург најдоцна до 15 јануари, потоа ќе бидат две недели во изолација по што ќе можат да тренираат една недела пред официјалниот старт на Австралија Опен.

Неофицијално, на трибините ќе има навивачи но во мал број а тенисерите ќе мора да се придржуваат кон посебни строги протоколи со цел да нема посериозен проблем со Ковид-19 пандемијата.