Владата на Австралија одлучи да ги затвори границите до средината на 2022 година што би влијаело на одржувањето на грен слем турнирот во Мелбурн.

Ако мерките донесени денеска останат на сила, грен слем турнирот Австралија опен во 2022 година воопшто нема да се игра во Австралија.

Имено тениската федерација на Австралија остана збунета по сите овие одлуки но истовремено истакна дека нема да се откажат од организирање на Австралија Опен и по секоја цена турнирот би се одржал во нивната земја.

„Ќе се качиме на Монт Еверест ако е неопходно турнирот да се одржи. Пред една година беа истите вести, па успеавме да го организираме турнирот во Мелбурн, изјави директорот на Австралија опен“, Крег Тили.

Сепак, до Австралија опен наредната година има уште многу време ситуацијата да се промени, меѓутоа се чини дека локалните власти веќе одлучиле грен слемот да се игра надвор од Австралија.