Тениската легенда на Австралија, Пет Кеш изјави дека нема дилеми кој е најдобар од големата тројка, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, му даде предност на Србинот.

Пет Кеш има свои аргументи зошто смета дека Новак Ѓоковиќ е најдобар во „белиот спорт“ од славната тројка која доминара изминативе 15 години.

„Федерер е исклучителен играч, и да играше во 1920 година ќе беше неверојатен. Рафа Надал има добар стил на игра, Федерер е позабавен за гледање, но кој е најдобар? Нема дилеми, тоа Новак Ѓоковиќ, тој во дуелите со Надал и Федерер е во предност, убеден сум дека ќе ги надмине и по бројот на освоените Грен Слем титули“ – изјави Пет Кеш.