Некогаш осмиот тенисер во светот, Маркос Багдатис од Кипар, објави дека по завршувањето на годинашново издание на Вимблдон ќе оди во пензија.

Вимблдон за Багдатис ќе биде последен офцијален турнир во кариерата, на теренот го нема од турнирот во Дубаи кој се играше во февруари.

Багдатис на Вимблдон ќе настапи со специјална покана од организаторите, тој од 2005 до 2016 година континуирано беше меѓу 100. тенисери во светот , на Вимблдон има полуфинале во 2006 година, тогаш загуби од  Рафаел Надал.