Ешли Барти го заокружи овој за нејзе одличен месец со титула во Бирмингем, откако во финалето ја совлада Јулија Гергес со 2-0 (6-3, 7-5). Со овој триумф, австралијанката се искачи на врвот на ВТА листата и како прва носителка ќе влезе на Вимблдон.

Продолжувајќи го својот неверојатен камбек во тенисот по 21 месец пауза, Барти ќе ја надмине Наоми Осака на новата ВТА листа која ќе биде објавена утре.

Барти на натпреварот против Гергес имаше девет асови и успеа да направи три брејка, со што стигна до својата шеста титула во кариерата. Последниот пораз Барти го доживеа во Рим пред повеќе од еден месец, кога беше поразена од Кристина Младеновиќ.