Првата тенисерка на светот Ешли Барти ја совлада Петра Квитова со 2-0 по сетови во второто коло од „црвената“ група. Со овој триумф Австралјанката се пласираше во полуфиналето, каде од вчера се наоѓа Елина Свитолина.

Барти за нешто повеќе од еден час славеше над двократната шампионка на Вимблдон. Во воведниот загуби два, а во вториот сет четри гема и ја продолжи победничката серија во дуелите со Чехинката на 4-0. Во вториот дуел од оваа група играат Белинда Бенчич и Кики Бертенс.