Десетиот шпанец во историјата на светскиот тенис кој успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон се уште е во неверување по обезбедениот пласман меѓу четворицата најдобри.

„Планирав дека веќе ќе бидам на Ибица. Шест од моите пријатели се веќе таму. Секако добро се чуствувам што сум тукa. Звучи неверојатно, не можам да бидам посреќен што ќе играm во ова полуфинале. Знаев дека ќе ми се укаже шанса и добро ја искористив“.- изјави Баутиста.

Шпанецот во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Баутиста во четвртфиналето го елиминираше Пела со 3:1.