Шесткратниот Грен слем шампион Борис Бекер му оддаде признание на својот ривал од минатото Иван Лендл по повод неговиот 60.роденден.

Лендл во својата кариера освои 8.титутли од Грен слем колекцијата, а мина 270 седмици како прв тенисер на АТП листата.

Навистина го ценам. По мое мислење тој и понатаму е еден од најдобрите тренери на светот. Како тенисер беше првиот кој беше професионалец во права смисла на зборот. Не знам никој кој така го живеел тенисот пред него. Денес таков е Новак, а Иван беше добар пример за тоа како изгледа еден професионален тенисер-изјави Бекер.