Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ приреди мало изненадување, откако ја совлада двократнта шампионка на Вимблдон, Петра Квитова по 3 сета на завршниот турнир во Шенжен. . Во меч кој траеше 109 минути, Бенчиќ извојува победа од 2-1 во сетови и тоа по сетови 6-3, 1-6, 6-4.

Во одлучувачките моменти Бенчиќ покажа поголема стрпливост и концентрација и ја запиша првата победа во „црвената група“. Квитова во вториот сет изгледаше убедливо и се чинеше дека ќе направи пресврт, но Швајцарката не мислеше така и со одлична и стрплива игра ја совлада Квитова. Претходно попладнево, Бертенс во три сета ја совлада Австралијанката Барти во три сета.

Утре се играат натпреварите од второто коло во сината група, а се среќаваат Халеп – Свитолина и Плишкова – Андрееску.