Матео Беретини е последниот патник во полуфиналето од Мастерсот во Шангај по победата над  Доминик Тим од Австрија со 7-6 и 6-3 во сетови.

Првиот сет беше целосно израмнет и решаваше тај-брејкот.  Италијанецот одлично сервираше кога најмногу требаше и го доби тај брејкот со 10-8. Израмнетата игра продолжи и во вториот сет, па при 3-3, Бератини го одзеде сервисот на 26-годишниот Австриец и успеа да го затвори сетот и мечот со 6-4.

За место во големото финале Беретини ќе игра против Александар Зверев, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат  Циципас и Медведев.