Најдобриот италијански тенисер во моментов, Матео Беретини направи интересна споредба со кошаркарски легенди и најдобрите тенисери во последните петнаесетина години.

„Надал физички ме потсетува на Леброн Џејмс, и двајцата се многу експозивни. Федерер би го споредил со Мајк Џорадн додека Ѓоковиќ не потсеќа на Коби Брајант, затоа што има ладна глава во тешки ситуации.“ – вели Беретини.

Беретини и голем фан на НБА лигата и потврди дека редовно ги следи натпреварите во најсилната кошаркарска лига на светот.