Австралискиот тенисер, Бернард Томиќ добро ја започна новата сезона откако обезбеди учество во главната рунда на Австралија Опен.

Покрај добрата форма во Дубаи, Томиќ има и одлична поддршка за која е малку таинствен, но сериозен по однос на тоа како неговата девојка Ванеса Сијера успеа да му помогне да ја подоигне формата.

„Таа ми помага за некои работи. Успеавме да победиме на осум меча, тоа е навистина добро, тоа е нова тактика за 2021 година. Тајна е како ми помава. Нема да давам совети, знаете на што мислам? Среќна сопруга, среќен живот. Тоа е тоа.“ – вели Томиќ.