Рафаел Надал со победа без загубен сет го почна настапот на Вимблдон оваа година и со 3-0 го победи Сугита од Јапонија.

Надал немаше никакви проблеми во првото коло и со само седум загубени гема го совлада јапонскиот противник. Првиот сет го доби со 6-3, во вториот славеше со 6-1, а третиот повторно го доби со 6-3.

Во второто коло Надал ќе има потешка задача бидејќи противник ќе му биде секогаш непредвидливио Ник Киргијос кој со 3-2 во првото коло го помина Томпсон.