Славниот германски тенисер, Борис Бекер преку аукциска продажба на трофеите собра вкупно 765.000 евра и со овие пари ќе врати дел од долговите кои ги има.

На продажба беа 82 предмети, медали, пехари, часовници, рекети и други лични предмети. Најскапо е продадена репликата на трофејот од УС-Опен од 1989 година, сумата која е исплатена изнесувала 167.000 евра објави „ Smith& Williamson“ канцеларијата која ја организираше аукцијата.