Според последните информации од Велика Британија, тенискиот спорт ќе биде во застој следните шест недели.

Веќе се откажани Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, но сега се под знак на прашање и одржувањето на натпреварите и на останатите турнири во следните два месеци.

Според новинарот на Телеграф, Сајмон Бригс, АТП  веќе донел одлука за стопирање на сите активности во тенисот следните шест недели и тоа анскоро ќе го објави официјално.

Секако се поставува прашањето што со АТП  ранкингот, бодовите… Коронавирусот го стопира целиот спорт и создава натпреварувачки хаос.