Марин Чилиќ продолжи со катастрофалните резултати сезонава. Хрватот на стартот на Мастерсот во Шангај загуби на два пати со по 6-4 од Шпанецот Алберт Рамос.

Во целиот меч Чилиќ не дојде до брејк топка, а Шпанецот искористи 2 од 3 прилики кои му ги пруши Хрватот. Интересно е тоа што овие двајца по 3 пат играат на овој турнир. Првиот меч му припадна на Рамос во 2011, а Чилиќ му се реваншираше пред две години.

Чилиќ во моментот се наоѓа на 42 место на АТП листата, а до крајот на мастерстот во Шангај може да испадне од најдобрите 45 на светот.