Стефанос Циципас е вториот финалист на турнирот во Пекинг. Грчкиот тенисер славеше против Александар Зверев со 2-0 по сетови. Првиот дел од играта Циципас го доби по голема битка во тај-брејкот со 8-6, додека вториот сет беше решен во 3 гејм кога германецот го загуби својот сервис по што немаше сили да се врати.

Циципас во финалето ќе ги одмери силите со Доминик Тим кој по пресврт со 2-1 во сетови беше подобар од Карим Качанов. За потсетување претходно Тим во четврфиналето го совлада Енди Мареј кој на овој турнир потврди дека полека ја враќа старата форма по тешката операција на колкот.

Финалето се игра утре со почеток од 16 часот.