Стефанос Циципас втор пат во кариерата славеше над Роџер Федерер, по победата денес во полуфиналето од Мастерсот во Лондон.

Гркот до големиот триумф стигна резултатски лесно и со 6-3 и 6-4 го совлада легендарниот Швајцарец, кој не успеа да се бори за 7 титула на овој турнир. Решавачките моменти во двата сета се случија на почетокот на истите, во кои Циципас успеваше да го одеземе сервисот на Швајцарецот кој и покрај големиот број на брејк топки успеа само еднаш да го одземе сервисот на младиот Циципас.

Во второто полуфинале вечерва ќе се сретнат Александар Зверев и Доминик Тием, а мечот стартува во 21 часот.