Новак Ѓоковиќ планира низа на турнири во Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора, но се чини дека јужниот оссед може да му направи проблеми на Србинот.

Во јуни и јули Ѓоковиќ организира серија на турнири со светски познати ѕвезди,Зверев, Тим, Димитров и Чилиќ се предвидени за настап, но турнирот во Црна Гора можеби нема да се одржи.

Владата на Црна Гора не дозволува влез на граѓани од Србија и тоа може да биде сериозен проблем.

Ѓоковиќ неодамна со порака на твитер изрази поддршка за претставниците православната црква на Србија во Црна Гора и ова може да биде една од причините за откажување на турнирот кој треба да се одржи на 27 и 28 јуни.