Францускиот карикатурист Енки Билал тврди дека доколку Новак Ѓоковиќ бил Хрват а не Србин, повеќе ќе го ценеа во светот на тенисот.

Билал за „L’Ekip“ говорел за успесите на Ѓоковиќ, за односот на навивачите во Европа кон тенисерот од Србија.

„Искрено го сакам неговиот карактер. Негова најголема грешка е што е Србин, да беше Хрват, веројатно повеќе ќе го ценеа“ – изјави Билал.

Билал е признат карикатурист од Франција, има 68 годинии смета дека војните во поранешна Југославија, предизвикале омраза кон Ѓоковиќ.

Интересно е тоа што, Билал е роден на Дорчол во Белград, тој е син на кројат на Јосип Броз Тито, како млад се преселил во Париз каде живеее и ден денеска.