Хуан Мартин Дел Потро ќе го пролонгира своето враќање на тениските терени, потврди за медиумите.

Аргентинецот целата своја кариера се мачи со повредите и вистинска штета е што не можеше да го потврди целиот свој потенцијал, иако зад неговото име има голем број на титули, меѓу кои најголема е онаа од 2009 на УС Опен.

Популарниот Делпо се уште нема закрепнато од повредата на коленото и прашање е дали ќе се врати до крајот на оваа сезона, иако тој тврди дека ќе биде дел од последните турнири годинава.

Дел Потро се наоѓа на 103. позиција на АТП-листата, а во последниот ранкинг падна за 33 места поради отсуството од терените.