Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро објави на социјалните мрежи дека не е сигурен дали ќе може да игра повторно тенис.

30-годишниот Аргентинец доби нова фрактура на коленото во Квинс, кога се лизна на тревата за време на натпреварот со Денис Шаповалов во средата, а потоа се откажа од
понатамошно учество во турнирот.

Аргентинецот објави на Инстаграм објава дека повредата може предвреме да стави
крај на неговата кариера.

„Како што може да се замисли, тоа е тежок момент за мене. Тажно е што треба повторно да поминам низ тоа“, започна шампионот од Ју Ес Опен 2009.

„Јас не го очекував тоа. Не знам што ќе се случи сега. Се надевам дека моето колено ќе се опоравицелосно. Ако натпреварот со Шаповалов се покаже последниот во мојата кариера, тогаш не знам. За време на рехабилитацијата, ќе размислам уште посериозно. Ќе знам подобро како се чувствува моето тело“, заклучи тој.