Полицијата во Монако им ги одзеде возачките дозволи на бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот руски колега Данил Медведев поради пребрзо возење.

Двајцата врвни тенисери ќе треба да платат и парична казна од по 750 евра, откако полицискиот радар покажал дека управувале со возилата со брзина помедѓу 160 и 180 километри на час, на автопат на кој дозволената брзина изнесува 110 километри на час.

Русинот Медведев бил сопрен со неговото ново БМВ со кое неодамна самиот се пофали на социјалните мрежи.