Австриецот Доминик Тием го победи со 2-0 Роџер Федерер на завршниот турнир во Лондон, прво коло во групата Б.

Тием го победи Федерер со 7-5 и 7-5, со оваа победа Австриецот е на добар пат да обезбеди полуфинале на последниот турнир во годината.

Интересно е тоа што Тием ги доби сите мечеви против Федерер во оваа 2019 година.