Младиот Австриец Доминик Тим може да го потисне Роџер Федерер од третата позиција на АТП-листата.

За да се случи тоа, Доминик Тим треба да се пласира во полуфиналето на турнирот во Рио. Во тој случај Тим би имал 7135 бода, односно 5 бода повеќе од Роџер Федерер, доволни да го потиснат на четвртото место.

Во четврт-финалето Доминик Тим ќе игра со 128-от рекет Џанлука Магер.