Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да го покани на вечера вториот светски рекет, Рафаел Надал, јавува ABC.

Вечерата ќе биде организирана во чест на кралот и на кралицата на Шпанија и ќе се случи на 21 април во Белата куќа.

Сепак, присуството на Надал не е сигурно, бидејќи на 19 април е финалето на Мастерсот во Монте Карло, а на 20 април почнува АТП турнирот од серија 500 во Барселона.

Трамп уште во 2017 година велеше дека Надал е големо богатство на Шпанија и дека тој му е омилен тенисер.

Надал, пак, нема високо мислење за претседателот Трамп, за кого вели:

„Бев во САД за време на изборната кампања. Не ми се допаѓа неговиот начин на зборување, не го ценам таквиот начин на изразување, тоа не е мојот стил“.